Традиционално, по тринаесеетти пат започна Меѓународната ликовна колонија, организирана од Детскиот ликовен центар , под покровителство на Општина Карпош. На падините на планината Водно, во манастирскиот комплекс „ Св. Пантелејмон“ , учениците од десетте основни училишта , заедно со своите врсници од соседните: Триадица, Софија , Република Бугарија, Врњачка Бања од Република Србија , Травник од Босна и Херцеговина, и од Тиват , Црна Гора, заедно ќе творат и ќе цртаат, создавајќи на тој начин уметнички дела.
20.9.2019 13:17:54