ГРАДИНКАТА „МАЈСКИ ЦВЕТ“ СЕ ОСЛОБОДУВА ОД АЗБЕСТНИОТ ПОКРИВ

             Општина Карпош започна со менување на покривот на детската градинка „Мајски цвет“, објектот на ул. „Римска“, во урбаната заедница Владо Тасевски. Дел од старите  азбестни табли се заменети со нова кровна површина, со цел да се подобрат условите во кои се згрижени најмладите, да се заштити нивното здравје, но и да се придонесе во заштитата на животната средина.

Бидејќи се работи етапно, во претстојните денови ќе продолжи замената на целата покривна конструкција. Изведбените активности се одвиваат во попладневните часови или за време на викендите, со цел да не се нарушува воспитно – образовниот процес на децата во оваа предучилишна установа.

Општина Карпош продолжува со секојдневните активности за унапредување на детската заштита и создавање на подобри услови во предучилишното образование.